Wednesday, March 12, 2014

Остани, избриши ја крвта од рацеве. Натерај ме да ги заборавам солзите. Нека е само за миг, ама за тој миг натерај ме да заборавам. Сокрј ме од светот, заштити ме со една прегратка.  Ама не, ти само знаеш да ме фрлиш во суровиот свет, да ме дадеш како жртва на волците. И јас сум крива. Се држам на неколку збора, и никако да се откажам од тебе. А ти, ти никако ни да ме погледнеш. Е ако де, јас ќе сонувам. Ќе бидам безнадежен сонувач, чекајќи ти да ме погледнеш...

Tuesday, March 11, 2014

Се почна на ново. Со нови солзи, со нова брутална реалност. Само јас незнаев како да реагирам. Стоев загубена, додека минатото ме влечеше на своја страна, а иднината од мене упорно бараше нешто. Бараше да и се предадам, душава со секоја емоција во неа да и ја дадам за да ја раскине на најситни парчиња. А јас ја чував како најскапиот кинески порцелан. Се надевав на подобро, на светлост, на смеа. Добив само темнина, темнина во која можам да се изгубам а во секој агол да најдам некој свој страв. Страв кој би ме утешил, страв кој само би го погледнала, и би се насмевнала. Зошто? Бидејќи веќе ништо неможе да ме исплаши, станав отпорна на стравот, на љубовта, на среќата и на се друго што ме правеше човек. Станав само пречка во сопствената иднина, и спомен во сопственото минато.