Sunday, July 21, 2013

Старата јас

Убаво е да се биде старата јас, барем однадвор. Убаво е барем на момент да не се биде вкочанет, да не се функционира според потребите на светот. Тие моменти траат кратко, и се губат во заборавот. Некоја секунда е успеам да сочувам, но и таа бледее кога ќе дојдат тешките моменти, кога повторно ќе дојде време за госпоѓица Совршена, за оној проклет дел, поради кој едвај чекам да дојде ноќта, горко да си заплачам и да ја почнам сопствената жалопојка, да уживам во сопствената меланхолија. Но сепак порано не бев ваква, тоа беа убави години, години во кои можев да се шегувам со искрена смеа во срцето, без болка да ми ги распара градите, и без солзи да ми ги навлажнат очите. Таа стара јас, онаа насмеана девојка, она среќно девојче кое се радуваше на порцеланските кукли, она девојче кое никогаш не беше соочено со смртта, ниту со тешкотиите на животот, тие две ги нема засекогаш. Сега тука е вкочанетата поетеса, чија смеа е загубаена во сивиот блесок на нејзините очи. Сега е тука онаа девојка со вкочанета насмевка, насмевка која ја снемува кога ќе сигне дома во заштитата на сопствените четири ѕида. А другите две се заклучени на исто место со нејзините емоции, таа оддамна им кажа збогум, јас оддамна им кажав збогум.

Thursday, July 11, 2013

Нема да те прежалам

Застанав во времето, плашејќи се да продолжам. Останав таму каде што бев среќна а не размислив за тоа колку тоа ќе ме чини. И за жал платив преголема цена за неколку моменти среќа. Понекогаш помислувам дека беа вредни, но сепак, не не за толку малку. За неколку моменти среќа сега сум вечен страдалник. Вечен самотник. Звучам како да се самосожалувам знам, но за жал, мојата болка е неизлечива. Да беше смрт, ќе прежалев, да беше болест ќе се излекував, но моето е спој на најлошото од најлошото, на најболното од најболното. Никогаш нема да те прежалам среќо моја загубено...

Tuesday, July 2, 2013

ТИ...

Ме уништи,
и онаа малку гордост
што ја имав
ја поништи.

Ме скрши,
незнаејќи колку вреди
моето срце.
Дел по дел
го кршеше.
Се додека не го снема
додека не се заледи
во мразот на бесконечноста.

Знаеше ли колку болеше?
Не ти беше
бездушник,
она што сега јас станав.
Ти беше
сол на мојата пресна рана,
ти беше
она што незнаев да го заборавам,
ти беше
она поради кое
јас во времето останав.