Showing posts with label Поезија. Show all posts
Showing posts with label Поезија. Show all posts

Monday, August 26, 2013

Сега

Тажна сум,
загубена во ходниците на душата.
На почеток,
на уште еден почеток
од мизеријата живот.
Сега знам,
колку е тешко да се живее
катаден изчекувајќи ја смртта.
Сега знам
како е да се биде
војник без оружје.

Сега го слушам
ноќниот плач,
и животинските крици
оттргнати од душата.

Сега
ги слушам сопствените крици,
безгласни,
безначајни.




Tuesday, July 2, 2013

ТИ...

Ме уништи,
и онаа малку гордост
што ја имав
ја поништи.

Ме скрши,
незнаејќи колку вреди
моето срце.
Дел по дел
го кршеше.
Се додека не го снема
додека не се заледи
во мразот на бесконечноста.

Знаеше ли колку болеше?
Не ти беше
бездушник,
она што сега јас станав.
Ти беше
сол на мојата пресна рана,
ти беше
она што незнаев да го заборавам,
ти беше
она поради кое
јас во времето останав.

Tuesday, June 18, 2013

Да умрам

Ах боли
срцето, душата...
Тишината, тагата.
Спасете ме,
со што да се спасам.
Со што да престанамда тажам,
себеси во оваа фарса
живот наречена
да се лажам.

Оваа фарса
да престанам да ја живеам,
да умрам
па солзите
еднаш за секогаш
да ги замрам.

Ах да умрам
светот од мене да се ослободи
да не тежам,
да не пречам
само да не се обидувам
безкорисно
раните да си ги лечам.

Што ќе изгуби светот
само уште една безкорисна личност
која не вреди
само за тага зборува
срцето си го загорува.

Monday, June 17, 2013

Сакам слобода

Не не терајте ме 
својата болка да ви ја раскажувам.
Зошто ме терате 
колку сум слаба да ви докажувам?
Зошто со плач да се искажувам.

Само оставете ме, 
во својата самотија да царувам,
заборавете ме,
на другите
сетете се.

Само малку мир,
само малку среќа, 
тоа е она што го барам.
Сакам слобода 
сакам со часови 
да се загледувам 
во небесната шир.


Sunday, June 16, 2013

На крај успеа

Каде отиде силата, 
кој ја зема?
Зарем не знаеја?
Тоа беше последната капка 
која остана,
во моја одбрана застана.

Мојата сила пресуши,
болката не се исуши, 
со моето срце ко со играчка 
си играше,
и го скрши, 
на крај успеа.

Се скрши на парчиња,
кои едно по едно се изгубија
и моето срце го погубија.



Wednesday, June 12, 2013

Сами течат


Солзите сами течат,
печат,
изгорениците не се лечат.

Но веќе не мора,
на болка се навикнав
и на тагата се привикнав.

Но, среќата
се уште ми недостасува
и сппоменот нејзин
не ми достасува.

Не е исто
спомен со вистина
Споменот не можеш да го живееш
ти останува
по вистината солзи да лееш
Совршенство

Плачев, кој примети?
Никој,
едноставно никој.
Никој освен
другата јас,
која не испушти ниту еден глас.

Таа молчеше,
без разлика
колку вистинската јас молеше,
таа молчеше.

Наеднаш си помислив,
јас совршенство создадов.
Таа порцеланска кукла
беше токму таква
како што ја замислив.




Tuesday, June 11, 2013

 Незнаев зошто плачам

Јас плачев,
незнаев зошто.
Можеби сакав да си го приуштам
луксузот да бидам тажна
и да не морам
да бидам лажна.

Да си приуштам
да бидам вистинска,
а не порцеланска кукла
да бидам своја.
Своја и ничија
да си бидам само моја.

Да не морам
да бидам од фин порцелан,
туку груба,
своја
да можам
тагата да си ја покажам
и болката да си ја искажам.


Sunday, June 9, 2013

Зар не може?

Ах свету,
зошто не ме разбираш?
Ах среќо,
зошто не ме избираш?

Зошто сама ме оставивте
зошто за кралица на тагата
ме поставивте?

Нели ви беа доволни
моите солзи
поради ништо пролеани,
без потреба излеани?

Зар не може
малку среќа,
само малку
да добијам,
таа проклета тага
да ја пробијам?

Friday, June 7, 2013

Ме болеше ли?

Се праша ли некогаш?

Се праша ли некогаш
колку болеше?
Или си замина
и ме остави да тагувам?
Само така
низ нас помина.

Зар не си помисли
дека ќе боли?
Зар не ме замисли
како плачам?

Ти го знаеше тоа
не застана,
да ме утешиш
не остана.