Showing posts with label цитати. Show all posts
Showing posts with label цитати. Show all posts

Wednesday, August 21, 2013

Се врати.

Се врати ледената кралица. Иста каква што беше отсекогаш. Но овој пат поразлична, поледена. Свесна за реалноста, можеби премногу. Сега е посилна од кога и да било. Сега секоја емоција во неа е мртва, закопана со земјата на болката. Таа е мртва, таа која се бореше за сопствените чувства е мртва, и сега молчи. На крај мораше вака да биде. Кралицата научи дека емоциите не се покажуваат, не се доволно вредни за да се искажат. И најважно, научи да верува во сопствената сила.

Sunday, August 11, 2013

Тоа си ти

Почнав да ти пишувам... После цел ден фрустрација и бес го завршив своето писмо. Но наеднаш се сетив која сум, наеднаш изрипа разумот, наеднаш дојде ледената. Ах, колку ја мразам, ме уништи, ме натера да се вратам во реалноста. Ти, ти стана мал, се вратив јас, ледена, прибрана, разумна. Тебе те снема, дојдоа заклетвите што ги дадов пред многу години, дојде желбата за одмазда. Се слушнаа нечии тешки чекори, и повторно се прибрав. Ко да немаше знак од мојот испад, не се ни познаваше дека бев на работ на лудилото, дека играв со секој зрак од лудилото. Се сетив, лед, прибраност и безчуствителност. Тоа те сочинува тебе ледена кралице. Стани, биди храбра и не дозволувај некој да ги забележи твоите емоции.

Friday, August 9, 2013

Само така ќе се спасиш...

Кралице... Умираш ли? Умираш ли сама како куче, без никој да те оплака, без никој да пушти солза за тебе? Посакуваш ли да го ватиш времето? Посакуваш ли да живееш барем уште еден ден, и тој ден да се покажеш во вистинско светло? Знам дека посакуваш, сети се јас знам се. Јас знам за твоите падови, се сеавам на твојот плач, само јас знам дека ти не беше толку ладна, само јас знам дека ти чувствуваше. Јас знам дека ти плачеше. Јас ја создадов твојата фасада, јас те направив ледена кралица. Знам колку ме мразиш, не грижи се, сега ќе умреме и двете, можеби. Не драга моја, сепак нема да умреш, сепак ќе страдаш обидувајќи се да ја тргнеш маската. Ледена кралице, очекувај ја смртта, моли се што побргу да дојде, само така ќе се спасиш.

Thursday, August 1, 2013

Живеј со тоа

За момент помислив дека имам шанса за среќа, потоа повторно се навратив на сопствената монотонија.повторно се вратив во леденото царство. Ме чекаше престолот, обвиен во болка и страдања, повеќето предизвикани од мене. На момент сакав да мислам дека можам да се оттргнам од сево ова, можам да бидам јас. Потоа реалноста ме ошамари. "Сама го избра ова, ти си виновна, прифати го тоа! Помири се." Истото секој ден. Колку многу би сакала среќа, љубов.
Ах, што се јас би дала за да имам барем еден ден среќа, разбирање. Жалам, за пропуштената среќа. Ах, што ми требаше таа сталоженост? Можев да бидам избувлива и среќна. Можев да живеам обвиткана во среќа и радост, можев да се радувам на животот. Но не, го избрав потешкиот пат, мислејќи си дека ќе успеам и ќе бидам среќна со својот успех. Успеав, станав ледена кралица, сега... Сега ништо, сега живеј со тоа.

Thursday, July 11, 2013

Нема да те прежалам

Застанав во времето, плашејќи се да продолжам. Останав таму каде што бев среќна а не размислив за тоа колку тоа ќе ме чини. И за жал платив преголема цена за неколку моменти среќа. Понекогаш помислувам дека беа вредни, но сепак, не не за толку малку. За неколку моменти среќа сега сум вечен страдалник. Вечен самотник. Звучам како да се самосожалувам знам, но за жал, мојата болка е неизлечива. Да беше смрт, ќе прежалев, да беше болест ќе се излекував, но моето е спој на најлошото од најлошото, на најболното од најболното. Никогаш нема да те прежалам среќо моја загубено...

Tuesday, June 18, 2013

Ја дочекав, дојде ноќта, фрли проклетство врз мене. Денот, не сакам да го дочекам, да живеам, сакам само да умрам. Да не живеам во оваа фарса наречена живот. Се ова е само проклетство, проклета фарса која не завршува со ништо друго, освен со смрт. Фарса, фарса, името на  мојот живот. Не сакам утре да станам, да ги отворам очите, бидејќи само солзи ќе излезат од нив. Не вистински, лажни, како и мојот живот, сепак сега би сакала смртта да ме преземе.

Monday, June 17, 2013

Кралица на самовилите на тагата

Болеше, преживеав. Со солзи над болката се издигнав. Поцврста не успеав да станам, само омекнав, и станав плашлива. Она од што се плашев се случи, и ме скрши, на парчиња, кои не се лепеа. Не се лепеа, беа ситни како прав. Самовилски прав, само не прав на оние самовили кои беа добри. Ова беше прав на самовилите не тагата оние кои ме повредија, и оние чии дел станав јас, кралица на самовилите на тагата.

Sunday, June 16, 2013

Омраза

Омраза-најболното нешто на светот, она што знае да повреди, многу за жал. Она што никој не сакаше да го почувствува, но се селеше во сечија душа, молчејќи. И тоа предизвикуваше тага, болка и тишина. Велам тишина, тегобна тишина која знаеше да повреди, многу.

Friday, June 14, 2013

Животот, нејзиниот непријател

 Болката-нејзина потреба, можеби. Тагата- секојдневие, тажна реалност која дури и на сон беше болна. А нејзината судбина, ах она што не може да се замисли, она што најмногу ја болеше и со кое не можеше да се помири. Но на крај успеа, ги победи и болката и судбината и тагата. Стана челична, за жал животот таква ја направи, животот, нејзиниот непријател.

Wednesday, June 12, 2013

Зошто


Не, не сакаше да биде популарна, уживаше во својата осаменост. Никој не знаеше зошто. Додека се обидуваа да и се приближат таа се повеќе се оддалечуваше. Зошто? Повторно никој не знаеше. Само едно знаеја-таа си остана таква до крајот.

Слатка тага и прекрасна лага



Заедно беа совршенство, совршена секогаш насмеана двојка. Никој не знаеше што се крие зад тие лица. Тие знаеја, тага и лага. Тага-тој, лага-таа. Слатка тага и прекрасна лага. Одбраа да живеат во нив лажејќи се себе и светот. Така останаа засекогаш
Малку од луѓето се среќни. Ако сте дел од ретките-уживајте во тоа, а ако сте од оние другите-уживајте во својата осаменост.

Таа-тага,
тој-среќа,
од неа
не се откажа
но сфати
со тагата
живот закажа.