Monday, August 26, 2013

Сега

Тажна сум,
загубена во ходниците на душата.
На почеток,
на уште еден почеток
од мизеријата живот.
Сега знам,
колку е тешко да се живее
катаден изчекувајќи ја смртта.
Сега знам
како е да се биде
војник без оружје.

Сега го слушам
ноќниот плач,
и животинските крици
оттргнати од душата.

Сега
ги слушам сопствените крици,
безгласни,
безначајни.




Wednesday, August 21, 2013

Се врати.

Се врати ледената кралица. Иста каква што беше отсекогаш. Но овој пат поразлична, поледена. Свесна за реалноста, можеби премногу. Сега е посилна од кога и да било. Сега секоја емоција во неа е мртва, закопана со земјата на болката. Таа е мртва, таа која се бореше за сопствените чувства е мртва, и сега молчи. На крај мораше вака да биде. Кралицата научи дека емоциите не се покажуваат, не се доволно вредни за да се искажат. И најважно, научи да верува во сопствената сила.

Friday, August 16, 2013

Среќна сум

Среќна сум, на мој начин. Среќна сум со мирот што го добив, со својата осаменост. Не ми недостасува никој, едноставно ми е добро сама. Мир, тоа ми требаше, мир кој сепак ќе ми биде одземен. Ако, доволни ми се само овие неколку дена мир и повторно ќе можам да се вратам на веќе омразената рутина. Сепак сега се е рамно, нема бранови. Сепак нешто игра под она мало задоволство, некое мало пламенче, мала тежина, сосема непотребна. Пробувам да ја отфрлам, ама не оди. Можеби и не сакам да ја отфрлам таа тежина, ах можеби. Само таа тежина ме држи на земја, не ме остава да се заборавам во дождливото есенско небо. ах колку ги сакам овие утра, замаглени, исполнети со тежина, се чини дека ја носат маката која го оптеретува целиот свет. Тие се најдобар лек. Ах, среќна сум, за првпат и не за долго.
Но сепак, среќна сум...

Sunday, August 11, 2013

Тоа си ти

Почнав да ти пишувам... После цел ден фрустрација и бес го завршив своето писмо. Но наеднаш се сетив која сум, наеднаш изрипа разумот, наеднаш дојде ледената. Ах, колку ја мразам, ме уништи, ме натера да се вратам во реалноста. Ти, ти стана мал, се вратив јас, ледена, прибрана, разумна. Тебе те снема, дојдоа заклетвите што ги дадов пред многу години, дојде желбата за одмазда. Се слушнаа нечии тешки чекори, и повторно се прибрав. Ко да немаше знак од мојот испад, не се ни познаваше дека бев на работ на лудилото, дека играв со секој зрак од лудилото. Се сетив, лед, прибраност и безчуствителност. Тоа те сочинува тебе ледена кралице. Стани, биди храбра и не дозволувај некој да ги забележи твоите емоции.

Збогум...

Те боли ли срцето, девојко од лед? Плачеш ли девојко без солзи? Умираш ли вечен виновнику, те стигна ли конечно казната? А зошто си виновна? За сопственото страдање, сопствените избори, односно за она што јас го избрав. Виновна си поради тоа што те осудив на несреќа, на смрт продолжена низ целиот живот. Извини... Се каам, признавам. Можев и подобро, Можев да бидам посреќна, можеше да не постоиш. Знам, сега не вреди, ни да се каам, ни да плачам, сега е најдобро да те препуштам на сопствената судбина. Биди сречна, кралице на ледот. Заборави ме, забораи ја онаа што ти донесе несреќа. Збогум...

Friday, August 9, 2013

Само така ќе се спасиш...

Кралице... Умираш ли? Умираш ли сама како куче, без никој да те оплака, без никој да пушти солза за тебе? Посакуваш ли да го ватиш времето? Посакуваш ли да живееш барем уште еден ден, и тој ден да се покажеш во вистинско светло? Знам дека посакуваш, сети се јас знам се. Јас знам за твоите падови, се сеавам на твојот плач, само јас знам дека ти не беше толку ладна, само јас знам дека ти чувствуваше. Јас знам дека ти плачеше. Јас ја создадов твојата фасада, јас те направив ледена кралица. Знам колку ме мразиш, не грижи се, сега ќе умреме и двете, можеби. Не драга моја, сепак нема да умреш, сепак ќе страдаш обидувајќи се да ја тргнеш маската. Ледена кралице, очекувај ја смртта, моли се што побргу да дојде, само така ќе се спасиш.

Thursday, August 1, 2013

Живеј со тоа

За момент помислив дека имам шанса за среќа, потоа повторно се навратив на сопствената монотонија.повторно се вратив во леденото царство. Ме чекаше престолот, обвиен во болка и страдања, повеќето предизвикани од мене. На момент сакав да мислам дека можам да се оттргнам од сево ова, можам да бидам јас. Потоа реалноста ме ошамари. "Сама го избра ова, ти си виновна, прифати го тоа! Помири се." Истото секој ден. Колку многу би сакала среќа, љубов.
Ах, што се јас би дала за да имам барем еден ден среќа, разбирање. Жалам, за пропуштената среќа. Ах, што ми требаше таа сталоженост? Можев да бидам избувлива и среќна. Можев да живеам обвиткана во среќа и радост, можев да се радувам на животот. Но не, го избрав потешкиот пат, мислејќи си дека ќе успеам и ќе бидам среќна со својот успех. Успеав, станав ледена кралица, сега... Сега ништо, сега живеј со тоа.