Showing posts with label Текстови. Show all posts
Showing posts with label Текстови. Show all posts

Friday, December 6, 2013

Се вратив, и истата сум. Не се менувам јас. Можеби само малку чувства додадов, па во студените декемвриски ноќи, ќе седнам и ќе пишувам. И нема да се жалам пред никого, само листот мојата болка ќе ја знае. Добро, можеби и тишината, таа ги прима моите врисоци. Можеби и мракот, тој ги крие моите солзи. Знам, тие нема да ме издадат, ќе ме кријат, се додека не дојде утрото. Е тогаш нема кој да ме крие, но нека, ќе се преправам, се до следната ноќ...

Monday, September 30, 2013

Ќе те чекам

Чекам, но дали вреди. Не, го знам тоа, не се враќаш, ако не мораш. Јас секогаш ќе те чекам. Нема да се вратиш, и пак ќе ти кажам, не ми е гајле, ќе останам седната на старото дрво, ќе го ставам парчето сирење со лебот купен од пекарата на чичко Стојан, ќе те чекам, чекај ме и ти. Заедно ќе остариме, одвоени но секогаш заедно. Јас ќе живеам со твоите спомени, ти не се еќавај на мене те молам. Осрави ме да патам и да те чекам под тоа дрво, да го вкусам секој наш спомен, неважно дали тажен или убав, а може да биде и лажен. Како секој сон застанат во мојата глава и спомен останат во срцето. Чекај ме, ќе те чекам...

Friday, August 16, 2013

Среќна сум

Среќна сум, на мој начин. Среќна сум со мирот што го добив, со својата осаменост. Не ми недостасува никој, едноставно ми е добро сама. Мир, тоа ми требаше, мир кој сепак ќе ми биде одземен. Ако, доволни ми се само овие неколку дена мир и повторно ќе можам да се вратам на веќе омразената рутина. Сепак сега се е рамно, нема бранови. Сепак нешто игра под она мало задоволство, некое мало пламенче, мала тежина, сосема непотребна. Пробувам да ја отфрлам, ама не оди. Можеби и не сакам да ја отфрлам таа тежина, ах можеби. Само таа тежина ме држи на земја, не ме остава да се заборавам во дождливото есенско небо. ах колку ги сакам овие утра, замаглени, исполнети со тежина, се чини дека ја носат маката која го оптеретува целиот свет. Тие се најдобар лек. Ах, среќна сум, за првпат и не за долго.
Но сепак, среќна сум...

Sunday, August 11, 2013

Збогум...

Те боли ли срцето, девојко од лед? Плачеш ли девојко без солзи? Умираш ли вечен виновнику, те стигна ли конечно казната? А зошто си виновна? За сопственото страдање, сопствените избори, односно за она што јас го избрав. Виновна си поради тоа што те осудив на несреќа, на смрт продолжена низ целиот живот. Извини... Се каам, признавам. Можев и подобро, Можев да бидам посреќна, можеше да не постоиш. Знам, сега не вреди, ни да се каам, ни да плачам, сега е најдобро да те препуштам на сопствената судбина. Биди сречна, кралице на ледот. Заборави ме, забораи ја онаа што ти донесе несреќа. Збогум...

Sunday, July 21, 2013

Старата јас

Убаво е да се биде старата јас, барем однадвор. Убаво е барем на момент да не се биде вкочанет, да не се функционира според потребите на светот. Тие моменти траат кратко, и се губат во заборавот. Некоја секунда е успеам да сочувам, но и таа бледее кога ќе дојдат тешките моменти, кога повторно ќе дојде време за госпоѓица Совршена, за оној проклет дел, поради кој едвај чекам да дојде ноќта, горко да си заплачам и да ја почнам сопствената жалопојка, да уживам во сопствената меланхолија. Но сепак порано не бев ваква, тоа беа убави години, години во кои можев да се шегувам со искрена смеа во срцето, без болка да ми ги распара градите, и без солзи да ми ги навлажнат очите. Таа стара јас, онаа насмеана девојка, она среќно девојче кое се радуваше на порцеланските кукли, она девојче кое никогаш не беше соочено со смртта, ниту со тешкотиите на животот, тие две ги нема засекогаш. Сега тука е вкочанетата поетеса, чија смеа е загубаена во сивиот блесок на нејзините очи. Сега е тука онаа девојка со вкочанета насмевка, насмевка која ја снемува кога ќе сигне дома во заштитата на сопствените четири ѕида. А другите две се заклучени на исто место со нејзините емоции, таа оддамна им кажа збогум, јас оддамна им кажав збогум.

Wednesday, June 26, 2013

Не можете да ме разберете

Доста ми е од се, ви признавам. Доста ми е од тоа што јас треба да бидам порцеланска кукла, доста ми е од тоа што треба да бидам г-ца совршена. Никој не ме разбира, ете тоа е вистината, иако сите велат дека ме разбираат, запаметете не ме разбирате. Бидејќи тежината која ја носам е само моја и само јас ја сфаќам. Не, никого не обвинувам, знам колку е тешко да се обидуваш некого да разбереш бидејќи јас се обидов да се разберам самата себе, за жал беше неуспешно. Мене може да ме разбере само хартијата.

Monday, June 17, 2013

Приказната на порцеланската кукла

Приказната на порцеланската кукла. Она што не се раскажува, туку се доживува, бидејќи таа болка мора да се доживее. За да знаеш колку боли да си порцеланска кукла мора да станеш една, ко што станав јас. Мораш да бидеш совршенство за светот кој не би дозволил да бидеш различна. Тоа е проклетство, проклетство на порцеланот, тоа е моето проклетство. Некогаш беше забавно, целиот свет за тебе да исли се најдобро, но не смееш да направиш ништо погрешно, за да не ја изгубиш репутацијата на порцеланска кукла.

Sunday, June 16, 2013


Се прашуваше како да биде силна, одговор не доби. И тоа толку многу ја болеше, но за жал тоа беше суровата вистина. Тоа беше така, светот-суров, полн со болка и тага. И за жал, таа го доби поголемиот дел од тагата во светот, за жал. Или таа така мислеше, дека е најнесреќната личност во светов. Сеедно тоа болеше, таа беше несреќна во поглед на емоциите, таму каде што никој не може да допре, таму каде што никој не можеше де ја утеши, таму каде што беше сама, сама за себе. Да бидеш сам иако си опкружен со луѓе, само ти да си ја знаеш болката. За жал тоа беше тоа што ја повреди и што ја скрши. Тоа за неа беше ко челичен невидлив. На крај сфати, таа болка е всушност нејзиниот живот, за жал.

Thursday, June 13, 2013

Четирите ѕида



Тивко си заплака, никој не ја слушна. По што плачеше, не знаеше. Дури и немаше кој да ја утеши, за жал тука беа само моливот и хартијата. И тие болеа, не бидејќи не ја разбираа, само поради тоа што молчеа, не можејќи да и пружат утеха. Толку многу ја болеше тоа, нејзините најдобри пријатели не можеа да и пружат утеха. За жал тоа беше болната вистина, сега никој не можеше да и пружи утеха. Го изгуби највредното, она што најмногу и значеше. Сега единствено тоа ја болеше. На момент не ни поверува, па неа ја болеше срцето, душата она што воопшто и го немаше. Дури и не беше за верување, навистина. Наеднаш посака да се затвори во себе, никој да не ја дознае, никој да не знае дека постои. И успеа во тоа, од ден на ден беше се позатворена, во своите четири ѕида. Бидејќи само тие и пружаа гнездо кое очајно и требаше.
Но ги изгуби и нив, и тие ја мразеа.

Wednesday, June 12, 2013

Се скрши порцеланот

Порцеланот, се скрши. Или тоа е само лага, која полека би ме вовлекла, во мојот порцелан и таму би ме заробила, засекогаш. Повторно би станала порцеланската кукла, овојпат немајќи шанса барем на миг да бидам вистинска и своја. Морајќи на себе да заборавам, би станала вистинска порцеланска кукла, без чувства. Односно вистинско совршенство. Она што целиот свет би сакал да го види. Тоа станав, само една лага, голема лага.


Не, не брзав. Го имав целото време на светот. Имав време да умрам и да живеам, да се веселам и да тагувам. Но морав нешто да одберам, да бидам кралица на тагата или роб на среќата. Што би одбрале вие на мое место? Среќа знам, истото го направив и јас. Но нешто се сврте наопаку,     и тоа беше крај на мојата среќа. Од весела станав мрачна, почнав да се нарекувам кралица на тагата. Но не кралица, јас станав самата тага и несреќа. И сеуште сум... Кралица на тагата.


Кралицата на тагата, така се нарекуваше, но дали беше достојна за таа титула? Не, таа така велеше. Но сепак си остана кралицата на тагата, титулата која што најмногу ја болеше но сепак најдобро ја опшуваше. Потиштена, сама во срцето, без никој да разбере дека таа постои-така живееше таа. И тоа и се допаѓаше, и се допаѓаше нејзината осаменост. Бидејќи во осаменоста се пронаоѓаше, таму својот мир го наоѓаше. Кога беше сама за себе знаеше да биде своја, осамена и груба. И тоа никој не го гледаше, тоа беше најголемата иронија. Таа на светот сакаше да му ја покаже својата грубост. И кога и да е спремаше да го стори тоа ќе се присетеше дека треба да биде смирена, дека треба да размислува со ладна глава. И ќе останеше смирена, Покажувајќи ја својата порцеланска страна на светот. Кога и да сакаше да биде груба ќе се сетеше на нешто што би ја вратило нејзината порцеланска страна. Така полека, полека нејзината грубост се изгуби во финиот порцелан. Засекогаш...

Tuesday, June 11, 2013

Таа плачеше

Таа плачеше, беше во најголемата агонија. Никој не ја погледна, беше навикната на тоа. Сите оддамна ја напуштија, иако сите беа околу неа никој всушност и не ја забележуваше. Понекогаш одеше по дождот и киснеше, тоа ја правеше среќна, барем малку, колку што можеше таа да биде среќна. Така беше и тој проклет ден, когда го сретна него, тој што беше проклет за неа. Но го засака, со цело срце и со цела душа. Сепак тој излезе момчето од кое таа се плашеше, дека ќе ја повреди, можеби ненамерно, можеби сакајќи ја. И ја повреди и тоа повеќе од што можеше да го замисли. Но сепак таа му прости иако веќе беше касно за простување. Тој ја заборави, таа него никогаш не. Таа за него беше уште една во низата измамени девојки, тој за неа-најголема љубов.  

Sunday, June 9, 2013



Која станав? Принцезата на челикот, онаа која нема чувства? Или, или никој, едноставно никој? Никој, еден невидлив никој за кој никој не ни знае дека постои. Ете тоа сум јас. Болката на моето срце за која никој не знае и солзата на моето око која никој не ја гледа. Тоа сум вистинската јас. А лажната? Таа може да се опише со два прости збора- порцеланска кукла. Но за лажната друг пат, сега го имам луксузот да бидам вистинската јас. Онаа која е неважна и за која никој не знае, која и да умре никој нема да знае. Но можеби и веќе е мртва, можеби порцеланската кукла веќе ја задушила. Не, не е мртва, сега сум таа, сега сум затворена во својата болка и во својот видик. Сега не морам да бидам милата девојка, сега можам да бидам груба кон секого без да добијам прекор како треба да бидам културна. Но тажно, тоа никој нема да го види, само јас, вистинската и онаа порцеланската. Сега доста, сега е време за фин порцелан.