Sunday, June 9, 2013



Која станав? Принцезата на челикот, онаа која нема чувства? Или, или никој, едноставно никој? Никој, еден невидлив никој за кој никој не ни знае дека постои. Ете тоа сум јас. Болката на моето срце за која никој не знае и солзата на моето око која никој не ја гледа. Тоа сум вистинската јас. А лажната? Таа може да се опише со два прости збора- порцеланска кукла. Но за лажната друг пат, сега го имам луксузот да бидам вистинската јас. Онаа која е неважна и за која никој не знае, која и да умре никој нема да знае. Но можеби и веќе е мртва, можеби порцеланската кукла веќе ја задушила. Не, не е мртва, сега сум таа, сега сум затворена во својата болка и во својот видик. Сега не морам да бидам милата девојка, сега можам да бидам груба кон секого без да добијам прекор како треба да бидам културна. Но тажно, тоа никој нема да го види, само јас, вистинската и онаа порцеланската. Сега доста, сега е време за фин порцелан.

No comments:

Post a Comment