Sunday, July 21, 2013

Старата јас

Убаво е да се биде старата јас, барем однадвор. Убаво е барем на момент да не се биде вкочанет, да не се функционира според потребите на светот. Тие моменти траат кратко, и се губат во заборавот. Некоја секунда е успеам да сочувам, но и таа бледее кога ќе дојдат тешките моменти, кога повторно ќе дојде време за госпоѓица Совршена, за оној проклет дел, поради кој едвај чекам да дојде ноќта, горко да си заплачам и да ја почнам сопствената жалопојка, да уживам во сопствената меланхолија. Но сепак порано не бев ваква, тоа беа убави години, години во кои можев да се шегувам со искрена смеа во срцето, без болка да ми ги распара градите, и без солзи да ми ги навлажнат очите. Таа стара јас, онаа насмеана девојка, она среќно девојче кое се радуваше на порцеланските кукли, она девојче кое никогаш не беше соочено со смртта, ниту со тешкотиите на животот, тие две ги нема засекогаш. Сега тука е вкочанетата поетеса, чија смеа е загубаена во сивиот блесок на нејзините очи. Сега е тука онаа девојка со вкочанета насмевка, насмевка која ја снемува кога ќе сигне дома во заштитата на сопствените четири ѕида. А другите две се заклучени на исто место со нејзините емоции, таа оддамна им кажа збогум, јас оддамна им кажав збогум.

No comments:

Post a Comment