Пред да погледнете во мојата душа сетете се на сите ваши падови потоа читајте ја мојата приказна, чувствувајте ја мојата болка.
Sunday, August 11, 2013
Збогум...
Те боли ли срцето, девојко од лед? Плачеш ли девојко без солзи? Умираш ли вечен виновнику, те стигна ли конечно казната? А зошто си виновна? За сопственото страдање, сопствените избори, односно за она што јас го избрав. Виновна си поради тоа што те осудив на несреќа, на смрт продолжена низ целиот живот. Извини... Се каам, признавам. Можев и подобро, Можев да бидам посреќна, можеше да не постоиш. Знам, сега не вреди, ни да се каам, ни да плачам, сега е најдобро да те препуштам на сопствената судбина. Биди сречна, кралице на ледот. Заборави ме, забораи ја онаа што ти донесе несреќа. Збогум...
Labels:
Текстови
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment