Tuesday, December 24, 2013

Ноќва...

Тишина, ја сечат болните крикови. Кучињата виат, за својот живот молат. Знам дека ќе се ослободат од нив, но со капката здрав разум кој го немам ги подржувам. Кучињата, не тие кретени. „Вијте пријатели мои, касајте ги. Нека ги боли,исто колку што не боли и нас.“
Не им давајте мир, одмаздете се, и за мене. Одмазтете се за вашата крв и за мојот разум. Поради нив јас сум луда, поради нив вие сте мртви. А зошто? За да се среќни, ете затоа. За да нема некој секоја ноќ да им лае, и за да нема некој кој ќе им ја плесне вистината во лице. А ние тоа го правевме. И сега молчиме, ја претрпуваме оваа тортура молчејќи. Молчиме ние проклети клетници. А не се простивме, не си рековме збогум. Не е важно, за неколку мигови ќе се сретнеме, незнам каде но знам дека ќе сме заедно. Ќе лутаме ноќва заедно, за последен пат. Вие на момент ќе се ослободите, јас ќе ја повикам последната капка здрав разум и ќе лутаме. Мирната, длабока, темна ноќ ќе се вознемири од нашите завивања. Тишината нема да царува вечерва. Една ноќ, само една ноќ, светот ќе биде во наши раце. И ќе се плашат. Од вас, од мене. Нека, нека се плашат, доволно се плашевме ние од следниот здив, од тоа дали ќе го вдишиме. Ноќва нема страв, таа е наша. И ќе молчи, ви ветувам. Сепак, таа ни даде утеха, таа не разбираше кога ни беше најтешко. Вие во нејзина прегратка плачевте, исто и јас. Таа пријатели ќе не спаси. Молчете, и слушајте ја, таа нешто ќе ни каже... последен збор пред целосно да се загубиме...

No comments:

Post a Comment