Wednesday, March 12, 2014

Остани, избриши ја крвта од рацеве. Натерај ме да ги заборавам солзите. Нека е само за миг, ама за тој миг натерај ме да заборавам. Сокрј ме од светот, заштити ме со една прегратка.  Ама не, ти само знаеш да ме фрлиш во суровиот свет, да ме дадеш како жртва на волците. И јас сум крива. Се држам на неколку збора, и никако да се откажам од тебе. А ти, ти никако ни да ме погледнеш. Е ако де, јас ќе сонувам. Ќе бидам безнадежен сонувач, чекајќи ти да ме погледнеш...

Tuesday, March 11, 2014

Се почна на ново. Со нови солзи, со нова брутална реалност. Само јас незнаев како да реагирам. Стоев загубена, додека минатото ме влечеше на своја страна, а иднината од мене упорно бараше нешто. Бараше да и се предадам, душава со секоја емоција во неа да и ја дадам за да ја раскине на најситни парчиња. А јас ја чував како најскапиот кинески порцелан. Се надевав на подобро, на светлост, на смеа. Добив само темнина, темнина во која можам да се изгубам а во секој агол да најдам некој свој страв. Страв кој би ме утешил, страв кој само би го погледнала, и би се насмевнала. Зошто? Бидејќи веќе ништо неможе да ме исплаши, станав отпорна на стравот, на љубовта, на среќата и на се друго што ме правеше човек. Станав само пречка во сопствената иднина, и спомен во сопственото минато.

Tuesday, December 24, 2013

Ноќва...

Тишина, ја сечат болните крикови. Кучињата виат, за својот живот молат. Знам дека ќе се ослободат од нив, но со капката здрав разум кој го немам ги подржувам. Кучињата, не тие кретени. „Вијте пријатели мои, касајте ги. Нека ги боли,исто колку што не боли и нас.“
Не им давајте мир, одмаздете се, и за мене. Одмазтете се за вашата крв и за мојот разум. Поради нив јас сум луда, поради нив вие сте мртви. А зошто? За да се среќни, ете затоа. За да нема некој секоја ноќ да им лае, и за да нема некој кој ќе им ја плесне вистината во лице. А ние тоа го правевме. И сега молчиме, ја претрпуваме оваа тортура молчејќи. Молчиме ние проклети клетници. А не се простивме, не си рековме збогум. Не е важно, за неколку мигови ќе се сретнеме, незнам каде но знам дека ќе сме заедно. Ќе лутаме ноќва заедно, за последен пат. Вие на момент ќе се ослободите, јас ќе ја повикам последната капка здрав разум и ќе лутаме. Мирната, длабока, темна ноќ ќе се вознемири од нашите завивања. Тишината нема да царува вечерва. Една ноќ, само една ноќ, светот ќе биде во наши раце. И ќе се плашат. Од вас, од мене. Нека, нека се плашат, доволно се плашевме ние од следниот здив, од тоа дали ќе го вдишиме. Ноќва нема страв, таа е наша. И ќе молчи, ви ветувам. Сепак, таа ни даде утеха, таа не разбираше кога ни беше најтешко. Вие во нејзина прегратка плачевте, исто и јас. Таа пријатели ќе не спаси. Молчете, и слушајте ја, таа нешто ќе ни каже... последен збор пред целосно да се загубиме...

Friday, December 6, 2013

Се вратив, и истата сум. Не се менувам јас. Можеби само малку чувства додадов, па во студените декемвриски ноќи, ќе седнам и ќе пишувам. И нема да се жалам пред никого, само листот мојата болка ќе ја знае. Добро, можеби и тишината, таа ги прима моите врисоци. Можеби и мракот, тој ги крие моите солзи. Знам, тие нема да ме издадат, ќе ме кријат, се додека не дојде утрото. Е тогаш нема кој да ме крие, но нека, ќе се преправам, се до следната ноќ...

Friday, October 11, 2013

Шетаат осамените волци, ја сечат тишината. Шетам и јас со нив, ко да ќе ме разберат. Не можат, и тие се ко мене не смеат да се жалат. Се плашат можеби, јас се плашам, се плашам дека некој ќе ја открие кралицата. Дека некој ќе помисли дека во неа има чувства. Нема верувајте ми, убаво знам дека нема. Оти во тоа срце нема место за емоција, таа не чувствува таа нема спомени...

Monday, September 30, 2013

Ќе те чекам

Чекам, но дали вреди. Не, го знам тоа, не се враќаш, ако не мораш. Јас секогаш ќе те чекам. Нема да се вратиш, и пак ќе ти кажам, не ми е гајле, ќе останам седната на старото дрво, ќе го ставам парчето сирење со лебот купен од пекарата на чичко Стојан, ќе те чекам, чекај ме и ти. Заедно ќе остариме, одвоени но секогаш заедно. Јас ќе живеам со твоите спомени, ти не се еќавај на мене те молам. Осрави ме да патам и да те чекам под тоа дрво, да го вкусам секој наш спомен, неважно дали тажен или убав, а може да биде и лажен. Како секој сон застанат во мојата глава и спомен останат во срцето. Чекај ме, ќе те чекам...

Monday, August 26, 2013

Сега

Тажна сум,
загубена во ходниците на душата.
На почеток,
на уште еден почеток
од мизеријата живот.
Сега знам,
колку е тешко да се живее
катаден изчекувајќи ја смртта.
Сега знам
како е да се биде
војник без оружје.

Сега го слушам
ноќниот плач,
и животинските крици
оттргнати од душата.

Сега
ги слушам сопствените крици,
безгласни,
безначајни.